Спасовски: Минатата година запленети рекордни 215 кг марихуана, а годинава дури 1,5 кг кокаин

од Vladimir Zorba

Во борбата против нелегалната трговија со дрога СВР Скопје минатата година може да се пофали со заплена од рекордни 215 кг марихуана, а годинава дури 1,5 кг кокаин, напиша МВР Оливер Спасовски.

Државата ја позициониравме како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици. Како МВР продолжуваме бескомпромисно да работиме кон искоренување на оваа појава, истакнува тој.

-Зголемување за 6,52% бележи и процентот на расчистени разбојништва и разбојнички кражби на подрачјето на СВР Скопје за периодот јануари-октомври 2022. Продолжуваме со несмален интензитет во подобрување на безбедносната состојба, како на подрачјето на СВР Скопје, така и на територијата на целата држава, додава Спасовски.

Слични содржини