Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи на онлајн трибината “Молкот не е решение”, организирана од Форумот на жени на СДСМ, истакна дека родово базираното насилство продолжува да биде едно од најзначајните повреди на човековите права во сите општества.
“Иако од родово заснованото насилство не се имуни ни жените, ни мажите, но практиката и официјалните показатели, сепак, покажуваат дека мнозинството жртви се припаднички на женскиот пол”, рече потпретседателот Спасовски.
Според статистиката на МВР во првото полугодие од 2020 година, извршени се 435 кривични дела, за кои се пријавени 450 сторители. Висок процент од сторителите 91,3 % се мажи кои вршат насилство врз нивните сопруги и родители. Во однос на начинот на извршување на делата, во 341 случај сторителите употребиле физичка сила врз жртвите, нанесувајќи им телесни повреди, 32 случаи се извршени со ладно оружје, а три со употреба на огнено оружје.
“Оттаму, користењето на „родово базирано насилство“ како аспект е важно, бидејќи го потенцира фактот дека многу форми на насилство врз жените се вкоренети во нееднаквостите на моќта меѓу жените и мажите”, заклучи потпретседателот Спасовски.
Во обраќањето потпретседателот Спасовски истакна дека не смее да се занемари бројот на фемициди и тоа 5 случаи во 2019 и 4 во првото полугодие од 2010 година. Токму ваквите бројки се силен мотив уште пожестоко да се посвети на темелно третирање на родово базираното насилство, со искористување на сите можни алатки, ресурси и можности за укажување помош и заштита.
“За нас, постапувањето по пријавите за семејно насилство, во услови на ковид-19, претставува посебен приоритет. За таа цел, меѓу другото, до сите полициски станици доставивме телефонски броеви од советувалишта, невладини организации кои работат со жени-жртви на семејно и родово базирано насилство, како и телефонски броеви од националните сервиси, кои согласно своите програми може да преземат мерки за, сместување на жртвата, соодветна здравствена заштита, психосоцијална интервенција, третман, правна помош и застапување и сл” кажа Спасовски.
Дополнителсно информираше Спасовски дека интернет страната на МВР и во сите полициски станици, на видно место се објавени постер и брошурата со телефонски броеви за помош и поддршка, како и електронска адреса за поставување прашања за помош и советување.