Спасовски на средба со Полицискиот синдикат: Платите ќе се зголемат за 5%

од Nikola Popovski
232 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на Министерството, оствари работна средба со делегација на македонскиот Полициски синдикат, предводена од претседателот Марјан Кицев.

На средбата, како што посочуваат од кабинетот на Спасовски, тој го информирал раководството на Синдикатот за предлог-буџетот на Министерството за 2022 година и го потенцирал планираното зголемување на платите од 5 % за вработените во Министерството.

Ги потенцирал и досегашното реновирање на 63 полициски објекти и планот в година да се реновираат други полициски станици, како и почетокот на градба на ПС Аеродром, реконструкција на Центарот за обука во Идризово и реконструкција на Одделот за граѓански работи.

При реконструкциите особено се запазени и еколошката и штедливата компонента на користење енергетски ефикасни материјали, така што веќе ниту еден објект на МВР од в година нема да користи цврсти горива за затоплување, а генерирана е и заштеда само на електрична енергија од пет милиони денари.
Министерот Спасовски го информира раководството на Синдикатот за поделбата на новите униформи за повеќе оддели во МВР, како и за опремата (чевли, чизми, јакни и др.), која се очекува да стигне и да биде поделена до јануари 2022, објаснуваат надлежните.

Претседателот на македонскиот Полициски синдикат, Марјан Кицев, се заблагодари за соработката на Министерството со Синдикатот, за посветеноста кон унапредување на работните, материјално-техничките и оперативните услови за полициските службеници.

Слични содржини