Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска објави дека според договорот сите вработени во МВР во октомври ќе ја добијат ветената покачена плата за 10 %.
Исто така до крајот на годината ќе добијат и регрес за годишен одмор во изност од 10.000 денари.
Низ дијалог до решенија во интерес на членовите на МПС, но и на сите вработени во МВР: На 1 октомври ќе имате плата зголемена за 10% за сите вработени во МВР и до крајот на годината регрес за годишен одмор од 10.000 денари за секој полициски службеник, напиша Спасовски на социјалните мрежи.
Ова е четврто по ред зголемување на платите на вработените на МВР, имајќи го предвид минатогодишното зголемување од 5 проценти за сите вработени, а претходно преку Буџетот на МВР во 2018 и 2019 година издејствувано е зголемувања на платите за сите вработени.