Спасовски: Нарачателите на „Диво Насеље“ имале подмолна намера, но граѓаните не им дозволија да ја остварат

од Vladimir Zorba
131 прегледи

„Денеска се навршуваат 5 години од „Диво насеље“. Два дена Куманово и целата земја, во страв и неизвесност, го исчекуваа епилогот од вооружената пресметка во која животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ. Слава им!“, пишува техничкиот премиер Оливер Спасовски.

„Исклучително вознемирувачки и трагичен настан, кој подоцна во судските архиви беше заведен како „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“

Овој трагичен настан засекогаш ќе остане длабока траума на моите сограѓани на Куманово и за граѓаните на нашата земја.

Сигурен сум дека нарачателите имале подмолна намера, но присебноста на граѓаните не им дозволи да ја остварат“, додава тој.

Слични содржини