Не е тешко да се одговори, ниту е тешко да се одредат кандидатите за градоначалници. Сепак, тоа е прашање за партијата и таму треба да се обратите. Јас сум денес обде во функција на граѓаните, изјави министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски на новинарско прашање, зошто се уште не се објавени имињата на кандидати во над 10 општини, меѓу кои и Куманово, од каде што доаѓа министерот.
Покрај Куманово, СДСМ нема објавено кандидати за градоначалник во скопски Центар, Крива Паланка, Битола, Струмица и Кочани и за уште неколку скопски општини…
Владејачката партија веќе има утврдено кандидатури за 50 општини и за градот Скопје.
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вчера рече дека целата кадровска понуда за престојните избори, вклучително со кандидатите за советници, би била заокружена до крајот на месецот.