324
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција изјави дека во случајот „Мафија“ уапсени се 9 полициски службеници, кои се всушност овластени службени лица и контролори, кои што биле должни да работата на издавање на патните исправи и личните карти и кои одобрувале дали одреден пасош ќе се процесуира.
„Нема раководно лице уапсено во акцијата. 215 лица, од кои 214 странци и еден македонски државјанин на овој начин успеале да се стекнат со туѓ идентитет“, вели Спасовски.
Министерот информираше дека истрагата за случајот „Мафија“ започнала 20 февруари 2019.