313
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска информира дека никакви посериозни инциденти не биле забележани во текот на изборниот ден.
-До 19 часот, за 31,7% се бележи намалување на пријавени настани во споредба со изборите во јуни 2020 година. Најголем број настани се пријавени на територија на СВР Штип. За агитирање на гласачи се пријавени 83 настани, за изборен поткуп се пријавени 10 настани, од кои 3 се веќе отфрлени, а за загрозување на безбедноста се пријавени 2 настани, информира Спасовски.