На средбата со лидерите на политичките субјекти разговаравме како да се покаже една заедничка определба, дека сите ќе се определиме дека прво ќе го заштитиме здравјето на граѓаните. Разговаравме околу почитувањето на мерките на владата за собирите, вели премиерот Оливер Спасовски во интервју на емисијата 360 степени.
„Ситуацијата сега за сега е стабилна. Никој не може да предвиди како ќе се развива состојбата како што не можеа да предвидат ниту другите држави, тоа ќе зависи од многу фактори, односно од сите нас. Ниту институциите, ниту поединци, ниту министерства не можат да застанат на патот на состојбата, туку можеме сите заедно“, вели Спасовски.
Премиерот вели дека кога укажува дека здравјето и животот на граѓаните се најважни, не гледа кој политички интерес е поголем и поважен отколку живот на некој човек во државата.
„Одлуките кои се носат и кои ќе се носат, треба да бидат во зависност од развојот на настаните. Сега за сега разговараме за тоа како да се преземат мерки согласно ситуациите, но сите сили се кон овој предизвик. Се анализираат сите аспекти и на основа на анализите ќе се носат одлуките. Состанокот со лидерите не е состанок кој се оджал еднаш и не може да се одржи повторно. Во секој моменто можеме да се состанеме и да носиме одлуки“, истакна Спасовски.
Тој апелираше до сите граѓани да бидат одговорни и да ги почитуваат сите мерки и препораки.
„Ние сме една од првите земји која воведе превентивни мерки на границите, употреба на термални камери, заштитна опрема за полициските и царинските службеници, интервјуа и така натаму“, рече премиерот Спасовски.