Спасовски, Османи и Вал во посета на Полицискиот центар Ѓорче Петров

од Stefanija Kuzmanovska
164 прегледи

Во посета на Полицискиот центар Ѓорче Петров во Скопје денеска ќе бидат делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од министерот Оливер Спасовски, како и делегација од Министерството за надворешни работи, предводена од Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи.

Како што информираат од МВР, гостин на настанот е шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Килиан Вал.

Во куќата за пукање ќе биде изведена вежба од страна на единиците на МВР, која следува по кратка презентација од Специјалната антитерористичка единица Тигар и Единицата за службени кучиња при МВР.

Слични содржини