413
Во врска со информациите во медиумите дека вработени во МВР се преместувани на други позиции, техничкиот премиер Оливер Спасовски изјави дека е запознаен со промените во министерството и напомена дека штом се изгласа владата ќе разговара со вработените.
-Од моментот на доаѓање на министерот од опозицијата во министерството за внатрешни работи се случуваа нови промени и деградација.Нема да разговарам пред време ќе видам што е тоа што е направено во изминатиот период и секако дека ќе седнеме да разговараме и со вработените и со синдикатите. Мора да изградиме професионална полиција, изјаи Спасовски.