Спасовски: Полицајката која славеше со торта е законски унапредена и ги исполнува сите услови

од Nikola Popovski

Сосема е законски унапредена и ги исполнува сите услови, кратко одговори министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по обвинувањата за унапредувањето на полициска службеничка во командир на ПО Мирковци.

Синдикатот на македонска полиција преку соопштение го праша министерот „зошто се унапредуваат подобни кадри во МВР без да ги исполнат условите кои ги налагаат Законите и систематизацијата“.

Полициската службеничка е актуелна со видеото на социјалните мрежи на кои ја пее „Не може нам нико ништа“ пред специјално изработена торта за унапредувањето додека и дава пари на музиката.

Слични содржини