Спасовски: Посебно признание до сите солидарни граѓани коишто се вклучија во гасењето на пожарите

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Сакам да оддадам посебно признание до сите солидарни граѓани коишто се вклучија во гасењето на оваа огнена стихија, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Покажавме дека знаеме како држава да не ги оставиме граѓаните сами, туку да бидеме рамо до рамо со нив, а тука беа и нашите пријатели од Србија, нашите партнери од Словенија, од Романија, Австрија, од Бугарија, од Франција итн. Посебна благодарност на сите пожарникари во државата, на полициските службеници, на припадниците на Армијата, на многу одговорни луѓе од државната администрација кои се приклучија кон гасењето на пожарите, како и на медиумите за објективното информирање на јавноста“, наведе тој.