221
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски доцна синоќа соопшти дека пожарот во Ранковце e локализиран и ставен под контрола.
-Во текот на ноќта будно ќе ја следиме состојбата, државата ги мобилизира сите свои сили со кои располага за ставање на состојбата под контрола и целосно гасење на пожарите, објави Спасовски.
Тој упати голема благодарност до граѓаните, пожарникарите, полицајците, ЈП Национални Шуми, градоначалниците на Ранковце, Крива Паланка, Пробиштип и Старо Нагоричане кои помогнаа во справувањето со состојбата.
-Апелирам до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите, потенцира Спасовски.