Спасовски: Позитивните односи меѓу Србија и Косово се клучни за регионот

од Vladimir Zorba
399 прегледи

Министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски, оцени дека позитивниот исход во односите меѓу Косово и Србија има одлучувачко влијание во целиот регион.

Спасовски за белградска „Политика“ вели дека договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, чиј анекс беше договорен во Охрид, е оценет како огромно достигнување со регионален придонес.

„Премногу конфликти и војни го попречија развојот на нашиот регион и нашите земји. Јасно е дека безбедноста е основа за развој на една земја, но и на еден регион. Доста ни е да не нарекуваат „буре барут““, рече Спасовски.

Според него, крајно време е регионот на Западен Балкан да стане пример за безбеден регион, без отворени прашања, со добрососедски односи и посилна регионална соработка.

„На крајот на денот, сите имаме една цел – да бидеме дел од европското семејство, да ги имплементираме европските вредности и да обезбедиме подобар животен стандард“, рече Спасовски.

Слични содржини