Во саботата бев информиран од страна на Русковска дека можно е бегство на Сашо Мијалков. Отогаш сите оперативни операции и од наши извори покажуваа дека тој е во државата, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Трилинг“.
На прашањето зошто ако МВР имало сознанија дека Мијалков е во земјава биле распишани национална и меѓународна потерница, Спасовски објасни дека таа процедура била корисна во оваа ситуација затоа што откако било констатирано дека тој не е пронајден на посочените локации требало да се распише потерница во случај за да не ја напушти државата.
Тој напомена дека истрагата мора да покаже каде е пропустот, за во иднина да не се случуваат вакви бегства.
-И јас исто се прашува како и секој граѓанин како е можно да се бара притвор за некој кој направил разбојништво, а да не се побара за лице кое има услови и може да одговара за логистика за бегство, не сакам да лоцирам никакви пропусти, зошто истрагата ќе докаже.
Првиот човек на МВР соопшти дека преку опсежна акција на сите институции бил најден Мијалков
-Ние не излеговме со триумфализам, туку излеговме да и кажеме на јавноста дека преку опсежна акција на институциите успевме да го најдеме Мијалков, изјави Спасовски.