Спасовски: Приведени се 17 лица во врска со пожарите

од Vladimir Zorba
294 прегледи

Точно е дека дел од пожарите се подметнати или се предизвикани од невнимание на одредени луѓе и токму заради тоа мора да имаме посериозна одговорност – досега МВР има приведено 17 лица, повикани во полициска станица се дополнителни 16 лица, имаме поднесено 3 кривични пријави и 2 прекршочни, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Се’ уште се работи на добар дел од овие случаи и штом ќе заврши со целата постапка ќе се поднесат соодветни поднесоци.

Постапката се води во координација со Јавен обвинител и од таму се добиваат насоките во однос на квалификација на кривичното дело, додаде тој.