360
На денешната прес-конференција техничкиот премиер, Оливер Спасовски изјави дека работодавачите ќе имаат две опции за финансиска помош.
Приватните фирми ќе може да изберат дали ќе аплицираат за владината помош во висина од 14.500 денари за секој работник, за месеците април и мај 2020 година, или за помош во висина од 50% од давачките за придонеси.Воедно тие нема да може истовремено да ги користат и двете мерки, туку само онаа за која што ќе се одлучат самите, изјави Спасовски.