Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информираше дека реконструирани се 78 полициски објекти.
-Наследивме руинирани и нефункционални објекти. Реконструиравме 78 модерни и енергетско ефикасни објекти со кои остваривме и придонес во значителна заштеда на електрична енергија. Колку за илустрација во 2021 се потрошени 15.900.195,5 kw/х, а 2022 се потрошени 13.168.749,38 kw/h. Има остварена е заштеда од 2.731.446,12 kw/h.
Продолжуваме со обезбедувањето на подобри работни услови и подобри услуги. Со штедењето енергија на ваков начин ги зачувуваме природните ресурси и вложуваме во поздрава животна средина, посочи Спасовски на социјалните мрежи.