Спасовски: Само во јуни издадени се 42.000 патни исправи

од Берта Китинска

Само во јуни издадени 42.000 патни исправи, 20.000 лични карти и 10.000 возачки дозволи, пишува на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Од 05.07.2021 до 14.07.2021 примени вкупно 41.864 барања за лични документи.Одделението за управни работи, работеше без прекин во услови на пандемија, за што им упатувам благодарност за посветеноста, а воедно и најавувам реконструкција на објектот на ОУР, со цел создавање на подобри услови за вработените, но и за граѓаните, пишува Спасовски.

Слични содржини