Спасовски се уште не открива дали ќе се кандидира за претседател на државата

од Nikola Popovski

Прашањето за кандидат на СДСМ на претстојните избори за претседател на државата е партиска работа, изјави денеска министерот за внатрешни работи Спасовски.

„Тоа не се отворени теми ниту, пак, теми за јавност, за тука. Тоа се партиски теми и кога ќе дојде моментот ќе го кажам својот став“, одговори Спасовски на новинарско прашање при посетата на СВР Куманово.

На лидерската средба минатата недела партиите се договорија првиот круг од претседателските избори да се одржи на 24-ти април следната година, а на 8-ми мај, заедно со вториот круг претседателски избори да се одржат и парламентарните избори.

Името на Спасовски сè почесто во јавноста се спомнува како кандидат за шеф на државата.

Слични содржини