275
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ја прими вакцината на „Синофарм”.
-Денеска, во вакциналниот пункт во Куманово, ја извршив личната и граѓанска должност со апликација на првата доза од вакцината на „Синофарм” за заштита од Ковид-19, согласно националниот план за имунизација.Се чувствувам одлично и се враќам на работните обврски.Ве охрабрувам сите да го сторите истото, доколку сѐ уште не сте регистрирани, пријавете се на веб-страницата www.vakcinacija.mk – само со масовна имунизација ќе постигнеме колективен имунитет, тоа е единствениот ефикасен начин за заштита од коронавирусот, напиша Спасовски.