Спасовски: Семејствата ќе можат да си изнајмат вили низ туристичките места, се додека не се повеќе од четворица

од Nikola Popovski
329 прегледи

„Граѓаните треба да знаат дека забрана за движење нема да има, можат слободно да се движат. Во рамките на едно семејство може да си прават било каква прослава, дали ќе биде тоа во сопствениот дом, а можат дури и да си изнајмат вила или стан во туристичките центри. Семејствата ќе можат да си изнајмат и вили низ туристичките места, се додека не се повеќе од 4“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за дневникот на ТВ Сител.

Според него, ако за време на новогодишната ноќ бидат издадени викендици или станови каде ќе има 15, 20 или 30 луѓе како група, тогаш и сопственикот на тој објект што го издал и оние кои се присутни на забавата ќе одговараат.

Тој верува оти овој проект со пријавување на телефонскиот број ќе помогне, затоа што како што рече, и до сега и деновиве имале бројни јавувања кои резултирале со спречување на таквите забави.

„Генерално нормално треба да помине новогодишната ноќ, да си празнуваме сите одговорно заради тоа што апсолутно мислам дека ќе биде погрешно и никој од нас нема да биде спокоен доколку на новогодишната ноќ организираме каква било забава или прослава или дочек на Новата година во некаков голем круг на пријатели, на соработници итн“, додаде министерот, појаснувајќи дека ќе има контроли на целата територија на државата во сите градови и во сите туристички центри.

Слични содржини