Спасовски: Сите институции, не само МВР. да се ослободат од лицата поврзани со криминални структури

од desk4
79 прегледи

Сите институции исто треба да направат ветинг врз вработените, изјави   министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој повтори дека во МВР веќе е започнат ваквиот процес за да се елиминираат луѓето кои имаат врски со криминални структури.

– Важно е сите институции на државата да имаат на ум дека реализацијата на оваа политичка волја за борба против организиран криминал е заедничка и дека сите заедно мораме да се справиме со луѓето кои што не сакаат да ги исполнуваат своите професионални обврски луѓето кои сметаат дека е поважен личниот бизнис интерес и партиски интерес отколку интересот на државата. Институциите што побрзо да се ослободат од ваквите личности, а професионалците да работат на ефикасно ниво против организираниот криминал, истакна Спасовски.