Спасовски со сочувство за загинатите во трагичната хеликоптерска несреќа кај Киев

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изрази сочувство до украинскиот народ по трагичната хеликоптерска несреќа во близина на Киев, при што загинаа неколку високи украински функционери.

-Во име на Министерството за внатрешни работи изразувам најдлабоко сочувство до граѓаните на Украина, семејството, колегите и пријателите на мојот украински колега, министерот за внатрешни работи, Денис Монастирски, кој заедно со раководството на министерството го загуби животот во трагична хеликоптерска несреќа во близина на Киев, објави Спасовски на својот профил на Твитер.

Седумнаесет лица загинаа кога утрово се урна хеликоптер недалеку од градинка во Бровари, предградие на Киев, а меѓу жртвите се и украинскиот министер за внатрешни работи, Денис Монастирски и две деца, соопштија украинските власти.

Според началникот на полицијата Игор Клименко, загинале и заменикот на Монастирски, Јевхен Јенин и државниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Јуриј Лубкович.

Не е познато дали се работи за несреќен случај или падот има некаква врска со војната во Украина. Повредени се вкупно 22 лица, меѓу кои 10 деца.

Слични содржини