Зошто да не преку внесување на бугарите во Уставот им ја избиеме долгогодишната теза на Бугарија дека ние сме еден народ со нив? Не сме, пишува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.
„Нашето право да бидеме Македонци, да зборуваме на македонски јазик, да бидеме со посебна култура, посебен македонски идентитет, тоа никој не може да го спори.
Фактички кога ќе влеземе со промена на Уставот, тоа ќе го потврдиме“, истакнува тој.