Спасовски: Церемонијата за Водици нема да се одржи во договор со МПЦ

од Nikola Popovski
327 прегледи

Министерот за внатрешнивработи, Оливер Спасовски во врска со утрешното празнување на Водици, изјави дека имале состанок со МПЦ на кој што е договорено да не се одржи церемонијата поточно фрлањето на крстот во водите ширум земјава.

„Во текот на утрешниот ден ќе имаме засилени полициски контроли и секој кој нема да ги почитува забраните и протоколите ќе биде соодветно казнет“, изјави Спасовски по средбата со неговиот црногорски колега, Сергеј Секуловиќ.

На новинарско прашање околу ситуациите во Вевчани, каде што карневалот беше растурен од полицијата, и во Нижеполе, каде непречено се собраа голем број на битолчани на промотивното скијање, Спасовски рече дека се работи за два различни настани.

„Во Вевчани се работеше за настан кој требаше да биде успешно организиран, додека во Нижеполе собирот беше спонтан. Ова е практично спонтано собирање на граѓани. Ние имавме полициски службеници и на Попова Шапка и во другите скијачки центри, меѓутоа немојте да очекувате дека МВР треба да биде единствено кое ќе треба да влијае во однос на ваквите настани“, истакна министерот.

 

Слични содржини