Спасовски упати честитка до сите вработени во МВР

од Stefanija Kuzmanovska
185 прегледи

Утрово министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им испратил честитка на сите вработени на нивните службени емаил адреси. Во честитката им упатил важни пораки за нивното полициско работење.

„Почитувано раководство на МВР, почитувани колеги,

На прагот на Новата 2023, ви посакувам здравје и успеси на личен и професионален план во текот на целата година. Изминатата 2022 година ја затворивме како најуспешна досега, во однос на исполнување на стратешките приоритети на ова раководство на МВР. Република Северна Македонија најбезбедна земја на Западен Балкан; лидер во регионот во борбата против илегалната миграција – ова се само дел од вашите, заедничките успеси на кои сите треба да сме горди.

Во Новата 2023 отвораме ново поглавје во полициското работење кое ќе се реализира само со подигање на личниот интегритет, поставен и на стратешко ниво, ставајќи главен акцент на стручноста, знаењето, експертизата во сите сегменти на оперативното полициско работење. Секој предизвик претставува шанса. А интегритетот, чесноста и работливоста, секогаш ќе ви носат резултати. Уверен сум дека заедно ќе ги надминеме сите предизвици и ќе продолжиме да ја гарантираме безбедноста на државата и сите граѓани во неа. Да ни е среќна и безбедна Новата 2023 година“, напиша Спасовски.

Слични содржини