Спасовски: Уште денеска останувам во самоизолација и вториот тест е негативен

од Берта Китинска
130 прегледи

Денеска го добив резултатот од вториот тест на коронавирус и тој е – негативен, информираше премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

-Уште денеска останувам во самоизолација согласно протоколот, а од утре повторно во исполнување на редовните обврски од работното местоДа ги почитуваме мерките и препораките. Секој од нас може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го вратиме животот во новата реалност.Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца од два метри, да се чуваме, а со тоа да ги чуваме и другите.Почитувањето на мерките го чува здравјето и животот. Со еден таков заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме битката со КОВИД-19, напиша Спасовски.