Спасовски: Успехот во кетеринг бизнисот не го гради поединец, потребен е организиран и креативен тим

Без силен тим, ни најталентираниот готвач не може да постигне се“, открива Мирче Спасовски, професонален готвач кој 18 години од својот живот го посветил на храната, работел во многу познати ресторани како кај нас така и надвор од нашата држава, во разговор за Локално

од Весна Петровска
322 прегледи

„Кога станува збор за храна, улогата на готвачот е клучна. Но, успехот не го гради поединец, потребен е добар, организиран и креативен тим. Без силен тим, ни најталентираниот готвач не може да постигне се“, открива Мирче Спасовски, професонален готвач кој 18 години од својот живот го посветил на храната, работел во многу познати ресторани како кај нас така и надвор од нашата држава, во разговор за Локално.

Тој со своето големо искуство во кулинарството ни открива дека ако се работи со љубов и со голема посветеност ќе има големи резултати, но исто така креативноста и оригиналните идеи се дополнителен клуч за успех кои знаат да го издвојат на пазарот.

„Најважно е да се биде креативен, посветен и да се работи со љубов. Но клучниот фактор, без кој не може да се гради доверба кај клиентите, е квалитетната храна ,свежи намирници, добар вкус и балансирана понуда од традиционални до современи јадења. Кога клиентите ќе го препознаат вкусот и конзистентноста, тогаш успехот доаѓа сам по себе“, рече тој и додаде дека во овој бизнис клуч за успехот е добриот глас, но и промоцијата на социјалните мрежи каде многумина можат да видат како изгледа крајниот резулат на прославата.