Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска изнесе повеќе детали околу грабнувањето на малата Вања Ѓорчевска.
-Вања била врзена за рацете и нозете во влезот од зградата и ставена во вреќа за спиење и потоа била изнесена во возилото „цитроен“ со која е киднапирана. Пред тоа возило имало уште едно возило „рено“, кое се движело пред нив. Двете возила се движеле заедно. Девојчето е однесено на локација надвор од Скопје. Потоа дури е опожарено возилото „цитроен“ кое било во сопственост на претходно убиениот Панче Жежовски, рече Спасовски на денешната прес-конференција.
Таткото на Вања во моментов не е во притвор, но од Обвинителството размислуваат да побараат.
-Грабнувањето го нема на камери. Тоа е во влез внатре, рече обвинителот Гаврил Бубевски.