Спасовски: Владата прави проценки дали ќе се продолжи вонредната состојба

од Берта Китинска
151 прегледи

Владата се уште нема донесено одлука дали вонредната состојба во земјава ќе продолжи и во наредниот период. Премиерот Оливер Спасовски, кој денеска беше на увид во градежните работи на изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш, вели дека се прават анализите и се проценува врз основа на здравствената состојба.

– Јас апелирам да почекаме ден два, кога ќе заседава Владата и да се направи проценката дали ќе имаме потреба од нова вонредна состојба и колкава ќе биде, вели Спасовски.

Тој додаде дека се изготвува и извештајот до претседателот Стево Пендаровски, за тоа што е се направено во текот на оваа вонредна состојба. Останува на ставот дека приоритет е пред се животот и здравјето на граѓаните, а врз основа на тој приоритет ќе ги носат и следните одлуки.

Слични содржини