Спасовски: Во историски моменти секој поединец мора да се однесува сериозно

од desk2
100 прегледи

Во тек е историски процес за Република Македонија и во историски моменти секој поединец мора да се однесува сериозно, порача вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на трибина „ЗА европска Макеоднија која се одржува со граѓаните на Берово.

Тој ги увери жителите на Берово дека на 30 септември ќе имаме успешен рефрендум и дека ќе се упати јасна порака од граѓаните дека прифаќаат Република Македонија да биде дел од НАТО и ЕУ. 

-Граѓаните на 30 септември ќе го одберат заедничкиот став на сите политички опции во Македонија во минатото, а тоа сега е став на сите политички партии кои го сочинуваат владиното мнозинство, дека граѓаните мора да се изјаснат на референдум во однос на договорот помеѓу Македонија и Грција и за интеграциите на Република Македонија во ЕУ и НАТО, рече министерот Спасовски.

Нагласи дека овој процес е незапирлив и дека ќе продолжи понатаму за остварување на вековниот стремеж на Македонецот.

-Јас навистина сум среќен што не само јас, туку сите ние граѓаните на Македонија во овој период сме во една состојба на остварување на нашите дамнешни вековни соништа, а тоа е Република Македонија да биде независна и самостојна држава како членка на НАТО и ЕУ. Од тука ги повикувам сите и медиумите и граѓаните да се приклучиме и заеднички да дадеме поддршка кон интегрирањето на Република Македонија во НАТО И Европската Унија, порача Спасовски од Берово.

Слични содржини