Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, синоќа на гостување на ТВ Сител изјави дека нема пријавено во полиција луѓе кои земале плата а не оделе на работа во ЈП Комунална Хигиена Скопје, како што сугерираа градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и шефицата на „Комуналец“ – Косана Мазнева.
„Пријава за конкретниот случај нема пристигнато. Имаше пријава за блокадата во претпријатието и таму каде што беа исполнети условите за да се одблокира и да може да работат работниците на „Комунална хигиена“ тоа го направивиме“, изјави Спасовски.
И од скопското обвинителство кажаа дека нема слична пријава. Посочија дека пријавите од Мазнева биле само за случувањата со бојкотот во претпријатието и несобирањето смет.
Од таму ја повикуваа Мазнева, доколку забележала незаконитости, да ги пријави.