311
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се пофали на социјалните мрежи дека платата на вработените во полицијата, во изминатите шест години, се зголемила за 35% и биле исплатени 6 бонус плати.
Како што објави тој од 01.04.2016 година спроведено е зголемување на платите на вработените за 5%, започнувајќи со априлска плата. Во 2019 година од 1-ви септември реализирано е зголемување на платите за 5%.
Меѓу другото е наведено дека во 2023 година започнувајќи од 1-ви март извршено е линеарно зголемување на платите на вработените во бруто износ од 3.086,00 денари.
-Ги користиме сите можни алатки кои ни стојат на располагање, сѐ во интерес на вработените, за подобрување на социјалниот статус на полицијата, истакнал Спасовски.