Спасовски за Богородица во Берово

од Stefanija Kuzmanovska
298 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на покана на градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски по повод големиот верски празник „Успение на Пресвета Богородица“ денеска беше во посета на Берово. Овој голем верски празник во Берово се прославува со голем пиетет и масовна посетеност од беровчани и граѓани од целиот регион.

Министерот Спасовски ја искористи можноста да прошета по преполната беровска чаршија каде што се дружеше со граѓаните, а го посети и манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ каде беше пречекан од игуменот на манастирот Отец Фотиј Беровски.

Претходно министерот Спасовски присуствуваше и во Крива Паланка на одбележување на Денот на Рударите – 28 Август, а утрово до сите православни верници упати честитка по повод овој голем христијански празник во која меѓудругото посака:

„Овој празник на Божјата Мајка говори за нејзината чистота, сила и верба во Спасението Господово, бидејќи таа, завршувајќи го земниот живот на ваков најсвет начин, била преземена со душа и тело во небесна слава. Таа е вечно жива, бидејќи ни го донела Христа, а преку него и бескрајното спасение на човековиот род.

Нека добрите дела, љубовта и радоста бидат дел од нашето секојдневие.

Да напредуваме сите заедно, да се радуваме на просперитетот на државата, заедно да го изодиме патот кон иднината, онаму каде што припаѓаме, во европското семејство“.

Слични содржини