Спасовски за РСЕ: Група македонски државјани ќе добијат кривични за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Набрзо група македонски државјани ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата и други објекти, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на „РСЕ“.

-За нас беше многу важно безбедноста на граѓаните, учениците на наставниот кадар да биде на највисоко можно ниво и во тој дел апсолутно не е променето ништо со протоколите, значи безбедноста мора да се сочува на едно високо ниво. Веќе поднесовме една кривична пријава против еден малолетник и практично навлегуваме во една група на лица коишто учествувале во праќањето на дојавите по електронски пат и токму користењето на VPN адреси итн и сме во позиција за која за многу скоро време целата таа група ќе биде комплетно разоткриена, ќе бидат поднесени кривични пријави за делото тероризам. И ова како појава нас ни овозможи практично да направиме и промени во делот на протоколите за постапувањето.

Слични содржини