Повеќе од дваесет луѓе се повредени во воздушен напад во Днипро во централна Украина во саботата вечерта, меѓу кои и три деца со многу сериозни повреди, соопштија украинските власти рано наутро во неделата, пренесе Хина.
Спасувачите во градот Днипро во југоисточна Украина извлекле бројни повредени од урнатините на станбена зграда по рускиот напад и се уште трагаат по преживеани, соопштија украинските власти, пренесува агенцијата ДПА.
„Русија повторно покажа дека е терористичка држава. За жал, има луѓе под урнатините“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата навечер во Киев.
Шефот на државата објави видео на кое се гледа како двокатницата била целосно уништена.