Откако беше дадено официјално соопштение за смртта на шефот на Главната разузнавачка агенција на Генералштабот на Вооружените сили на Руската федерација- Игор Сергун, се појавија гласини и очигледно се разгореле нови интриги во врвовите на власта во Москва, пишува Stratfor. Шефот на военото разузнавање беше една од највлијателните фигури во руските тајни служби и разумно слегувањето од сцената предизвикува сомнежи и различни очекувања. Сергун застана на чело на ГРУ во 2011 година, кога оваа служба беше под силен притисок од конкурентните со неа ФСБ и Службата за надворешно разузнавање (СВР).
Имено новиот шеф успеа да ги обедини околу себе ресурсите на службата и да ја зајакне нејзината позиција меѓу конкурентните тајни служби во Русија. Сергун искористи и од неуспехот на ФСБ во Украина во почетокот на 2014 година, кога никој не ја предвидуваше промената на Јанукович и доаѓањето на власт во Киев на прозападна влада.
како резултат на тиа- ГРУ доби повеќе поле за активност при спроведувањето на разузнавачки операции во Украина. Додека ФСБ беше реорганизирана во текот на летото на 2014 година и нејзе и требаше време за да се врати во игра. Јасен знак за оваа промена беше промената во раководството на сепаратистите во Донбас.
Пред четири месеци во Москва се појавија гласини дека Владислав Сурков, еден од главните чувари на ГРУ од рускиот претседател ја изгубил дозволата да дејствува заедно со Сергун во Украина за сметка на ФСБ.
Претседателската кампања: попат сите сакаат да се „шлепаат“
Самата смрт на Игор Сергун е доста мистериозна и дадените официјални изјави не ја објаснуваат дпкрај. Според руската влада, тој починал на 3 јануари во Москва по срцев удар, но извор на Stratfor тврди дека тоа се случило пред Нова Година во Либан.
Оваа блискоисточна држава е средиште на светската шпионажа, таму врие од разузнавачки тимови на повеќето од големите држави и се појавува прашање-ако тоа е вистина, што правел во Бејрут шефот на руското ГРУ?

Сега не е јасно дали ќе ја задржи военото разузнавање единствената структура под новото раководство. Руски медиуми веќе дебатираат за можниот наследник на починатиот Игор Сергун и дури веќе се споменуваат имиња на луѓе кои не се од воените кругови, но се директно поврзани со Владимир Путин.
Ако наместо професионалец, рускиот претседател назначи свој човек, тоа ќе значи дека тој го става ГРУ под личен надзор и така создава уште еден заштитен ешалон за заштита ако дојде до незадоволство во ФСБ и други безбедносни структури.
Кремљ пак ги демантира информациите на американската разузнавачка-аналитичка компанија “Стратфор”, дека Сергун умрел во Либан, објавија LifeNews.ru. “Тоа не е така. Воопшто не е така “, вели прес секретарот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.
Според “Стратфор” генерал-полковник Игор Сергун почина во почетокот на годината во Либан, а не во москва. Организацијата сепак не наведува извор на оваа информација, туку само го наведува фактот дека “ако извештајот, кој се нашол во рацете на аналитичарите и од кој е направен соодветниот заклучок за неговата смрт, е вистина, тоа ќе го покрене низа прашања”.
Пред тоа лекарите кои извршиле обдукција на телото на генерал Сергун, кој почина на 3 јануари во Московска област, дадоа првични заклучоци за причините за неговата смрт. Според извори запознаени со ситуацијата, лекарите дошле до заклучок дека организмот на 58-годишниот маж бил преморен, а неговата смрт настапила како последица на акутна срцева слабост.
