Специјалниот обвинител- Ќе се покаже ли денеска немоќта и безизлезноста на македонската криза?

од Vladimir Zorba
121 прегледи

 Денеска повторно за клучната „дешавка “со договорот на Хан од Пржино. Ако на првата средба требаше се да личи дека се фини, работни и конструктвни ,  денеска веројатно ќе се види дека тука нема договор.Или ова е можност да  се покаже стратегијата на одложување и на влечење на  преговорите,од страна на власта, со демек само различни пристапи а„ желба“ за изнаоѓање решение, и  со надеж дека нешто сепак се случува.Договорот не е мртов и  можеби ќе се договорат!

суд

Специјалниот обвинител да се конституира со нов или измени на постојниот закон за Јавно обвинителство, или пак во рамки на сегашната регулатива, зад оваа формална дилема која дененка е тема на  работната група,каде сушност е најголемиот страв за власта и  нормално  се крие суштинска разлика во позициите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку биде прифатена првата варијатна која ја предлага опозицијата, специјалниот обвинител на никаков начин нема да има допир со актуелното обвинителство и ќе функционира сосема независно, со посебен тим на соработници.СДСМ веќе има подготвено предлог-закон , кој како што најави  лидерот Зоран Заев, денеска  ќе им биде доставен до сите страни во договорот, политичките партии и меѓународната заедница.

ВМРО-ДПМНЕ пак, е на позиција дека не се потребни никакви законски измени. Владејчката партија смета дека специјалниот обвинител може да биде избран и да работи и во постојните правни рамки, зврлевки тоа да го раководи , нели, нешто како слободното толкување на Охридкиот рамковен од Албанците, така и тие стратепи ке настапуваат – демек не се разбрале и само вака може.

Па така власта си се  повикуваат на член 15 од Законот, кој предвидува формирање специјалзиирани одделенија во случај на повеќе истородни предмети, но ова би значело дека тој би работел под капата на Марко Зврлевски.

Сепак јасно е за сите  и за правните експерти  на позиција дека за да се формира ваква ад-хок институција, чии ингеренции и мандат со политичкиот договор се многу јасно и прецизно одредени, сепак, неодпходни ќе бидат измени на регулативата., и токму поради тоа и СДСМ и ДУИ денеска идат со понуда и предлог законска рамка за измените, која најверојатно ќе ја читаат само олеснувачите Хамилтон и Ван Хоут, и американецот О Саливен .ВМРО ДПМНЕ  ќе купуваат време и ќе одат на пробивање на роковите и слободен простор за терање на партиска предизборна кампања, додека не се сетат другите.

На досегашните две работни средби,медијаторите настапија со  конкретни сугестии и искуства презентирале двајца странски експерти. Првиот, поранешен прв човек на ирското обвинителство Џејмс Хамилтон, учесник и во тимот на Европската комисија предводена од Рајнхард Прибе, и вториот, Џон О’Саливен, реномиран специјален обвинител од САД, чиј минат труд е одбележан со разрешување на многу важни и познати случаи поврзани со борбата против организираниот криминал и корупцијата.

По последната средба, олеснувачот Питер Ван Хоуте  колку за надеж на доследноста на преговарачите , оптимистички оцени дека имале солидна и интересна дискусија.

Она што засега е сигурно е дека двете страни се доближија околу измените за изборната проблематика, активна регистреција од врата на врата и биометриски отпечаток за тие кои нема да бидат најдена, веројатно како опција , а за тоа што се на двеспториставени позиции е изборниот модел за  кој СДСМ е на страната на малите партии кои бараат една изборна единица а ВМРО ДПМНЕ не би сакалае тука ништо да се менува.

Работните групи на политичките партии потписници на Договорот од Пржино  постигнаа договор за избор на членови на ДИК.

Тие го прифатиле предлогот на СДСМ, составот на ДИК да биде оформен по формулата 3+3+3, односно тројца членови предложени од опозицијата, тројца од власта и тројца експерти избрани со двотретинско мнозинство од парламентот .

Дефинитивно се разидуваат и околу гласањето на дијспората, за која Груевски сака да си остане така, а СДСМ бара измени ако веќе се договорат да гласа , тогаш гласот  за пратеник еднакво да тежи и во Македонија и надвор од границите.

Ад