Американскиот специјален обвинител Џек Смит се спротивстави на барањето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ја отстрани судијката Тања Чаткан од кривичната постапка против него поради наводниот обид за промена на резултатите од изборите во САД во 2020 година.
Смит, чија канцеларија го води случајот против Трамп, рече дека „нема валидна основа“ судијката Тања Чаткан да биде отстранета од случајот поради изјавите што ги дала претходно пред судот, а кои се чини дека се однесуваат на одговорноста на Трамп за инвазијата на неговите поддржувачи на Капитол, на 6 јануари 2021 година, пренесува Ројтерс.
Во понеделникот, Трамп поднесе правно барање со кое бара Чаткан да се повлече од случајот, тврдејќи дека нејзините претходни изјави покренале прашања за нејзината непристрасност кон Чаткан и би ја загрозиле постапката.