Компанијата „Спејс Икс“ (SpaceX) лансираше ракетата Фалкон 9, која носи мистериозен товар – американскиот владин сателит Зума.

Лансирањето на Фалкон 9 требаше да биде во ноември, но поради дополнителни тестирања и временските услови, ракетата полета од Кејп Канаверал дури синоќа.
Зума е „испорачана во ниска орбита“ односно на висина од околу 2.000 километри, но точната локација и одредиште не се објавени.
Сателитот Зума е изработен од компанијата „Нортроп Груман“ за американските владини агенции, но не се знае неговата функција ниту со што е опремена. Поради тајноста на мисијата се претпоставува дека е поврзана со националната безбедност, одбрана или набљудување, а лансирањето на „Спејс Икс“, за разлика од претходно, не беше пренесувано во живо.
Компанијата на „Илон Маск“ минатата година изведе 18 успешни лансирања, а кон крајот на месецот прердвидено е да ја лансира ракетата Фалкон Хеви, која би требало да има трипати посилен притисок од Фалкон 9.
Истражувањата се фокусирани на слетувањето односно на тоа ракетите на „Спејс Икс“ да можат да се користат повеќе пати, со што патувањата во вселената биу требало да бидат повеќекратно поевтини.