Популарната пејачка Ријана со спектакуларно шоу ја затвори Модната недела во Њујорк. Таа ја претстави нејзината линија за долна облека, а за шоуто беа ангажирани танчарки и модели, меѓу кои имаше и две трудници.

Кралици на шоуто беа Џиџи и Бела Хадид, а на ревијата можеше да се видат различни дезени, бои и величини, прилагодени за секоја жена.

Целта на Ријана е да се прикаже различноста и убавината на секоја жена како најприродно нешто.