Сперанца: Додека Италија го надмина најлошото, ситуацијата во светот никогаш не била помрачна

од Vladimir Zorba

Италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца изјави дека, додека Италија ја надмина најлошата состојба во однос на коронавирусот, ситуацијата во светот никогаш не била помрачна.

„Ситуацијата воопшто не е едноставна, затоа што ова е секако најтешкиот момент во целиот свет“, рече Роберто Сперанца во Сенатот, зборувајќи за мерките донесени од владата со цел да се потисне Ковид 19, објави АНСА.

Како што рече тој, има над 700.000 смртни случаи и ситуацијата во ЕУ е се освен мирна.

Сепак, министерот изрази задоволство од тоа како Италија ја реши ситуацијата.

Тој рече дека Италија има 5,2 случаи на 100 000 жители, што е најниско ниво во Европа.

„Епидемиолошката состојба во Италија е подобра отколку во другите делови на светот и ова достигнување припаѓа целосно на националното здравство и е овозможено со однесувањето на нашите граѓани“, рече Сперанца.

„И додека бројките ни кажуваат дека сме многу подобри (од порано), не мислам дека ја добивме битката. Не можеме да се сметаме за безбедни и мора да бидеме внимателни“, истакна италијанскиот министер.

„Нема нулта ризик“, истакна Сперанца.

Додаде дека остануваат трите решенија – маска, социјално растојание и миење на рацете.

„Овие основни правила мора да продолжат во текот на август и подоцна“, заклучи италијанскиот министер за здравство.

Слични содржини