Печени компири- кој не ги сака? Но, во овој вид на печени компири буквално секој ќе се вљуби, бидејќи не станува збор за обичен рецепт, туку деликатес кој се топи во уста.
Извонреден специјалитет со компир, сланина и сос од кашкавал
Потребни состојки: 800 гр компири, 4 парчиња сланина (Сланината може да ја замените со шунка, колбас и сл, по ваша желба), 3 триаголници топено сирење, 2 супени лажици масло за готвење, 200 мл павлака за готвење, 150 мл пресно млеко, Сол, мелен црн пипер, оригано и магдонос по ваша желба и 80 гр кашкавал.
Начин на подготовка Сварете ги компирите, а потоа излупете ги и исечете ги најпрво на половина, а потоа секоја половина на полумесечини. Посолете ги со сол, мелен црн пипер и оригано. Добро измешајте и поставете ги во правоаголен сад.
Во тава загрејте 2 супени лажици масло за готвење и лесно запржете ги парчињата сланина, а потоа додадете го и топеното сирење. Промешајте, додека да се растопи сирењето, а веднаш потоа додадете ја павлаката за готвење и пресното млеко.
Додадете го млекото на двапати, додека ги мешате состојките, за да ја следите густината на сосот. Доколку истиот е многу густ, додадете уште од пресното млеко и посолете со мелен црн пипер и сол.
Со добиената смеса полејте ги компирите, а одозгора нанесете го ренадниот кашкавал. Печете на 180°C, во времетраење од 20 минути, за да се стопи кашкавалот. Потоа извадете го специјалитетот, почекајте истиот да се излади, исечете на коцки и сервирајте. Пријатен апетит!