Специјализантка по Инфектологија: Преку грижата за себе и сопственото здравје да им помогнеме на сите околу нас

од Aleksandar Petrovski

Помогнете ни и нам кои сме во првите борбени редови грижејќи се за нашите и ваши пријатели, родители, баби и дедовци – најблиските, вели Ангела Стаменковска (29), специјализантка по Инфектологија на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

„Да бидеме совесни, да носиме маска, да одржуваме физичка дистанца и често да ги миеме рацете. Преку грижата за себе и сопственото здравје да им помогнеме на сите околу нас. Продолжуваме да го даваме својот максимум за грижа на сите пациенти“, посочи Стаменковска.

Слични содржини