Спиев во хотел со 3 ѕвезди, рече премиерот за посетата во Америка

од Nikola Popovski
69 прегледи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ги негираше обвинувањата дека се луксузирал при патувањето во САД. Како што изјави денеска по враќањето од Вашингтон и Њујорк, вели дека спиел во хотел со 3+ ѕвезди, а за хотелот кој што го прикажувале од страна на опозицијата бил хотел каде што имал средба организирана од страна на бизнисменот Крис Павловски. На средбата, според премиерот, се разговарало за можностите за најевтин и најдобар начин за дигитализација на Македонија.

Дециден е дека не правел ништо како што го обвинуваат и дека измислувани се хотели.

-Тоа се обиди за дефокус на суштината. Сите тие средби ќе донесат додадена вредност за граѓаните и Македонија, кажа денеска премиерот од општина Петровец.

Премиерот ја опиша посетата на САД „како историска на највисоко ниво што некој некогаш ја направил“.

Дел од јавноста обвини дека Мицкоски бил сместен во најлуксузниот хотел во Вашингтон, каде што наводно ноќевањето во апартманот од 84 квадрати чини 1564 долари плус 250 долари такса.

Павловски е сопственик на Рамбл групацијата. Капиталот на Павловски од Форбс е проценет на 1.2 милијарди долари.

Слични содржини