Спинацола ја повредил Ахиловата тетива, ќе отсуствува 6 месеци од терените

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Сите италијански фудбалери се фатија за главите на синоќешниот натпревар против Белгија, кога Леонардо Спинацола остана легнат на тревата. Јасно беше дека повредата што ја претрпе е потешка, која ја доживеа исклучително емотивно и го напушти теренот на носилка во солзи.

Ќе биде аут до крајот на Европското првенство, тоа е очигледно, но не само тоа. Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека Италијанците потврдија дека дефанзивецот на Рома ќе пропушти од пет до шест месеци поради повреда на Ахиловата тетива.

И вчера, Спинацола даде свој белег се додека не мораше да го напушти теренот. При водството на Италија со резултат 2: 1, тој го расчисти ударот на Ромелу Лукаку од гол-линијата, што неговите соиграчи го прославија силно. Тие ја задржаа таа предност до крајот на мечот, а во полуфиналето во вторник ќе играат против Шпанија на „Вембли“ во Лондон.

На авионот на пат кон дома од Минхен, соиграчите му оддадоа почит на својот соиграч со гласно скандирање. Фудбалскиот сојуз на Италија денес објави дека навивачите го избраа Спинацола за најдобар играч на натпреварот, а тој наградата ја доби од УЕФА двапати – против Турција и Австрија.

Слични содржини