(ВИДЕО) Повредениот херој на Италија ја пее химната со неговиот син

од Nikola Popovski

Леонардо Спинацола, повредениот италијански фудбалер, ја отпеа химната во својот дом заедно со неговиот син Матијас.

Дефанзивецот на Рома се повреди на мечот со Белгија, а анализите утврдија дека тој ја повредил Ахиловата тетива.

Опоравувањето се очекува да трае од пет до шест месеци, а до повредата Спинацола беше еден од најдобрите „азури“ на шампионатот.

Сега е објавено видео на кое се гледа како ја пее химната на Италија со неговиот син Матијас, непосредно пред натпреварот помеѓу Италија и Шпанија во полуфиналето на Европското првенство.

Слични содржини