Левиот дефанзивец на италијанската репрезентација, Леонардо Спинацола (28) ја повреди Ахиловата тетива на мечот против Белгија и ќе мора да паузира неколку месеци. Тој мораше да го напушти теренот во солзи во 79-та минута откако почувствува болка во трката со Дрис Мертенс. Засега е тешко да се каже колку ќе паузира, но сигурно е дека Европското за него заврши.
Играчот за врска на Рома беше стандарден првотимец на ова ЕУРО и воодушеви од своите игри. Многумина го нарекоа и еден од најдобрите леви бекови на турнирот, одговорен во одбраната и секогаш на вистинското место, а исто така често се приклучуваше на нападот и создаваше шанси за „азурите“, кои се пласираа во полуфиналето.
Тие играат вечерва против Шпанија во 21 часот за меч за златото, но Спинацола ќе ги поддржува од болничкиот кревет.